Голден Арт денеска и официјално ја продолжи соработката со четворица ракометари кои минатата сезона беа важен дел од тимот предводен од Владимир Глигоров.
Десното крило Мице Шилегов, левото крило Есад Дрпљанин и двајцата ракометари на бековските позиции, лев и среден бек, Христијан Милошески и Марио Миланов, најмалку уште една сезона ќе го носат дресот на Голден Арт.
„Шилегов минатата година дојде од Охрид и беше еден од најдобрите стрелци во клубот, Милошески одигра солидно во два правци, презентирајќи се во високо потентен лев бек шутер, Есад Дрпњанин и покрај сериозната повреда на рамото, како млад ракометар покажа дека може да биде одлично решение во иднина и Марио Миланов, после промената на главниот тренер на клубот заблешка и се промовираше себеси во лидер на тимот во нападот.
Според планот и политиката на клубот, во следните денови ќе излезе со информација за евентуални засилувања на клубот и обновување договори со останатите ракометари кои во изминатите година две беа важна алка од подемот на клубот“, велат од Голден Арт на својата официјална страница.