Завршија првите полувремиња од петте попладневни мечеви од 9.коло во ПМФЛ. Во дербито на Полог, полна трибина а резултатот е 2:1 на мечот Шкендија –Гостивар. Атиемвен донесе радост кај домашните, Тотре од пенал израмни, сепак Потук во последните секунди постигна гол за водство на Гостивар. Воска во Кратово поведе со голот на Марушиќ, но затоа Силекс со три гола на пауза замина со 3:1.
Радескина Чаир во супер дербито имаше зицер, Илјази фантастично одбрани. И во Штип каде играат Брегалница и Вардар нема голови.
Работнички со голот на Мазари води против Тиквеш со 1:0.