Газдата на Струга ТЛ им ја честиташе есенската титула на шампионите! (ВИДЕО)

2105

Во неделата со голот во 90+2.минута на Компаоре на мечот со Брегалница, Струга ТЛ стана и есенски шампион. Ова посебно го израдува газдата на шампионот, Менди Ќира кој на свечената вечера им се обрати на играчите, стручниот штаб и раководството на клубот и им упати честитки за новиот успех.

Тој им вети уште подобри услови во следната 2024 година и ги повика сите во пролетниот дел да бидат уште подобри да се дојде до втората титула шампион на Македонија.

 

ПретходноЕХФ суспендирашe судија од Хрватска!
СледноПоради напад на судијата: Уапсен претседателот на Анкарагучу!