По Жоглев, Вецевски и Биљали, од денеска и Лука Трајкоски не е веќе дел од Вардар. Како што информираа официјално од клубот, Вардар се раздели и со играчот кој во изминатиот период додека беше меѓу „црвено – црните“ одигра девет натпревари, осум во првенството и еден во Купот на Македонија.
Се разбира дека ФК Вардар, како на претходните така и на Трајкоски му се заблагодари на досегашниот ангажман во клубот и му посака многу среќа во понатамошната кариера.