Како што и најавивме пред три дена, од денеска и официјално Тиквеш има две нови имиња, две големи засилувања и тоа од Бразил. Кавадарчани ги промовираа напаѓачот Луан Силва и играчот за врска Робертињо.
Тие и официјално ставија потпис на договорите со Тиквеш, а потоа шефот на струката Ѓорѓи Мојсов ги претстави своите нови играчи.
Да потсетиме дека вчера Тиквеш го промовираше и Христијан Малески, кој дојде на позајмица од Струга ТЛ.
Тиквеш тука не запира, како што велат кавадарчани, во наредните денови ќе има уште промоции на нови играчи.