Она што го најавивме пред два дена сега доби официјална потврда. Напаѓачот Пепи Георгиев се врати во Брегалница Штип, каде што беше од 2019 до 2020 година.
Штипските “сини“ и тоа како ќе добијат квалитет во нападот, ќе дојдат и головите, она што на тимот на стратегот Горан Здравков во есенскиот дел и тоа како му недостасуваше. Георгиев доаѓа од редовите на Гостивар и е второ засилување за штипската екипа по левиот бек Михаил Маневски кој исто така дојде од тимот на Гостивар.
Освен за Гостивар и Брегалница, Пепи играше за Теута (Албанија), Кожуф, Беласица, Силекс, Академија Пандев и Шкупи.