Волф маестрлен на голот, Германија го совлада Исланд

162

Ракометната репрезентација на Германија ги врати шансите за пласман во полуфиналето на ЕП по триумфот над Исланд со 26:24 во Келн во првиот настап во втората фаза. И овој меч, како и претходните два денеска беше неизвесен до финишот.
Германците дојдоа до победата во последните секунди благодарение на двата одбранети пенали на голманот Андреас Волф. И покрај тоа Исланѓаните можеа да извлечат реми бидејќи во последната минута влегоа со гол негатива, но Германците во последната секунда реализираа за +2.
Кај Германците, Кнор постигна шест гола, кај Исланд најефикасен беше Смарасон исто така со шест голови. Волф имаше 12 одбрани.

ПретходноБарселона поразена во Истанбул, Звезда изгуби дома од Басконија
СледноФиорентина создаваше шанси, но Наполи погодуваше и се пласира во финалето на Суперкупот