Ибраими: Да, си заминав од Струга ТЛ! Кариерата ќе ја завршам во Шкендија!

2075

По две години престој во Струга ТЛ и освоени две титули, од денеска Бесарт Ибраими не е веќе член на шампионот. Шпекулациите се остварија, а за “СпортСпорт“ самиот “бомбардер“ потврдува дека си заминал од редовите на шампионот.

Да, точно е тоа дека си заминав од Струга ТЛ. Се разделивме на пријателски начин, мислам дека е доста, време е за идни предизвици. Сакам да им се заблагодарам на сите во клубот, минав две убави години, освоивме две титули, сепак како што реков време е за нешто друго. Најверијатно ќе се вратам во Шкендија, иако има уште неколку понуди, телефонот денеска не престана да ми ѕвони, сепак најблиску сум до тоа кариерата да ја завршам во Шкендија“ истакна Ибраими.

Да потсетиме дека Ибраими досега во својата кариера има постигнато 202 голови во ПМФЛ што го прави рекордер и најдобар стрелец во историјата.

ПретходноЗа Шпанците нема невозможно, после продолженија заверија полуфинале на ЛОИ
СледноСупер-лигата ќе стартува со дерби дуелот меѓу Алкалоид и Вардар