По Бесарт, Шкендија го враќа и Валон Ахмеди! Се најавува уште една “бомба“!

2277

Се чини дека во Шкендија не се шегуваат. На неколку дена пред стартот на сезоната, тетовскиот клуб кој е најбогат во Македонија според буџетот, прави напори да го засили тимот на стратегот Јетон Беќири. Па така по Бесарт Ибраими, кој самиот најави за “СпортСпорт“ дека се враќа во Шкендија, во таборот на “црвено – црните“ се враќа и офанзивниот играч за врска Валон Ахмеди (29). Секако дека тој ќе биде екстра засилување за Шкендија.

Да потсетиме дека Ахмеди, инаку роден во Охрид, во Шкендија играше во сезоната 2020/21 за да потоа прави трансфер во Шахтјор Солигорск. Сега е време за повторно да го облече дресот на Шкендија.

Инаку според нашите информации, покрај Бесарт и Валон, се најавува уште една “бомба“ која ќе биде “активирана“ денеска или утре.

ПретходноСупер-лигата ќе стартува со дерби дуелот меѓу Алкалоид и Вардар
СледноЧелзи се откажа од Осимен