Попладнево се одиграа седум мечеви од 1.коло во новата сезона во ВМФЛ.
Фаворитите за првите две места кои водат во елитата, имаа успешен старт, освоија по три бода.
Македонија ЃП на свој терен го победија Охрид на екс селекторот Никола Илиевски Џиџи со 2:0. Стрелци на головите беа Велкоски од пенал и Христов.
Во дербито во Штип, Брегалница со 2:1 славеше над Победа и тоа со головите на Глигоров и Абази.
Кожув на свој терен одигра само 2:2 со Саса, додека Аресими со убедливи 4:2 славеше против Беласица.
Во вторник се игра мечот меѓу Борец и Башки, со тоа ќе се комплетира стартното коло во новата сезона во ВМФЛ.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 1.КОЛО
ОСОГОВО – ВАРДАР (Н) 1:2
СКОПЈЕ – ВАРДАРСКИ 2:2
КОЖУВ – КАМЕНИЦА 2:2
ДЕТОНИТ – НОВАЦИ 2:4
БРЕГАЛНИЦА – ПОБЕДА 2:1
МАКЕДОНИЈА ЃП – ОХРИД 2:0
АРЕСИМИ – БЕЛАСИЦА 4:2
ВТОРНИК:
БОРЕЦ – БАШКИМИ