ПМФЛ: Шампионот по нови три бода, Тиквеш ја дочекува Воска, Шкендија домаќин на Работнички….

331

Денеска се играат сите мечеви од 2.коло во новата 2024/25 сезона. Јасно е дека сите погледи се кон “Дербито на Македонија“ во кое се среќаваат Вардар и Пелистер, но исто така јасно е дека ќе биде интересно и на останатите мечеви.

Шампионот, тимот на Струга ТЛ посакува и втор триумф сезонава, сака максимални шест бода од двата стартни меча. Момците на стратегот Ќатип Османи ја дочекуваат Беса и ако одиграат како што треба, максимално ангажирано и дисциплинирано, не би требало да имаат проблеми со оглед на квалитетот кој го поседуваат.

Тиквеш во Кавадарци се среќава со Воска. Желбите на четата на стратегот Ѓорѓи Мојсов е да се освојат првите три бода оваа сезона, ако се знае дека минатиот викенд Тиквеш беше поразен во Струга.

И во Штип денеска ќе се игра прволигашки фудбал и тоа меѓу Гостивар и Шкупи, во секој случај се очекува интересна и неизвесна битка за бодови меѓу екипи кои имаат големи амбиции сезонава.

Во Кратово играат Силекс и Брера, значи тренерот на кратовци Александар Васоски, ја дочекува “својата“ Брера, тим кој во минатото во два мандати го водеше како шеф на стручниот штаб.

И под Шара играат Шкендија и Работнички, клубови кои се некогашни шампиони по четири пати.

И Шкендија и Ранботнички имаа успешен старт на сезоната, сепак тетовци се фаворити на хартија и поради фактот дека играат дома, но и поради традицијата.

ДВОЈКИ ЗА 2.КОЛО – ДЕНЕСКА (17 Ч)

Кавадарци: Тиквеш – Воска

Штип: Гостивар – Шкупи

Кратово: Силекс – Брера

Тетово: Шкендија – Работнички

Струга: Струга ТЛ – Беса

Скопје: Вардар – Пелистер (20 ч)

ТАБЕЛА: Брера 3, Шкендија 3, Работнички 3, Струга ТЛ 3, Гостивар 1, Воска 1, Пелистер 1, Шкупи 1, Тиквеш 0, Силекс 0, Вардар 0, Беса 0 бодови

ПретходноИ Ноле имаше коментар: Ова е срамно!
СледноРеал Мадрид одби понуда вредна 100 милиони евра за стоперот!