Пелистер до крајот на дуелот со Алкалоид во рамките на Супер Купот нема да може да смета на капитенот Филип Кузмановски, кој заработи директен црвен картон поради неспорски потег кон Карасманакис.
Кузмановски во 26-та минута со лакт го собори пикерот на Алкалоид, а по преглед на видео-снимката македонските судии, Начевски и Николов, одлучија да му покажат син картон и да го испратат на трибините. Тој практично со пет гола е најефикасен кај својот тим.
Алкалоид по првото полувреме води со 14-19, момците на Кирил Лазаров прикажаа врвен ракомет, одбраната е одлична, а засега битолчани не можат да најдат решение за брзите контранапади.
Марко Кизиќ блеска со девет одбрани, прв стрелец кај Алкалоид е Костески со шест гола, два помалку има Митев.