Муарем Муарем: Убаво е да ја победиш Шкендија, убаво е да си лидер!

279

Попладнево во Маџари во дербито на 7.коло, Гостивар со 3:1 ја победи Шкендија и со тоа сега е лидер на табелата. И дефинитивно Гостивар покажува сила, покажува фудбалска моќ и со оглед на квалитетот заслужено е таму каде што е сега. Едноставно во изминатите седум кола тимот на стратегот Муарем Муарем покажа најмногу.

За тоа како го коментира дербито и победата на својот тим, за “СпортСпорт“ свое видување има Муарем Муарем, тренерот на Гостивар.

Секако дека сме задоволни. Убаво е да се победи Шкендија, убаво е да си лидер. Покажавме карактер, мислам дека заслужено славевме, бевме подобри. Уште позадоволен сум од фактот дека на двете последни тешки средби, со Силекс и Шкендија ние ги освоивме сите шест бода. Да, лидери сме, но остануваме на земја што се вели, не се расфрламе со изјави од тиипот дека одиме по титула. Нас не интересира само натпреварот што е пред нас“ посочува Муарем Муарем.

ПретходноАтаман со гестикулацијата предизвика скандал во Турција
СледноМазрaуи: Манчестер Јунајтед е поголем клуб од Баерн Минхен