ТИМ И ИГРАЧ НА 11.КОЛО: Кадриу го “запали“ Чаир

250

Кога ќе се победи Тиквеш и тоа со 3:1, па макар и со “лесни“ голови, а Флоријан Кадриу постигна два, тогаш јасно е дека ти си играч на колото. Во фудбалот нема лесни и тешки голови, гол си е гол, а Кадриу секогаш знаеше вчера да ги користи грешките на одбраната на кавадарчани.

Покрај него во тимот на колото од Шкупи се и Пинтер и Аворњо, а тука се и Влајковиќ и Кехинде (Гостивар), Ристевски (Пелистер), Маронг и Алиќ (Силекс), Ајдоган и Алдаир (Гостивар) и Гачевски (Вардар).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

ФЛОРИЈАН КАДРИУ

Тим: Шкупи

Роден: 30.09.1995 во Тетово

Кариера: Влазерими, Тирана, Теута, Шкупи, Работнички, Сабаил, Струга ТЛ, Ерзени, Атирај, Шкупи

ПретходноНовиот претседател на Партизан: Сакаат да ни исклучат струја, вода, немаме греење…
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Алпарслан Ердем (Шкупи)