Матеј Гаштаров повторно беше дел од составот на Ц.Звезда во младинската Лига на Шампионите и тоа против Штутгарт, меч кој заврши без победник со резултат 1:1. Македонецот влезе во игра во 75.минута и во тие петнаесетина минути минати на теренот покажа дека заслужено е дел од младинскиот состав на српскиот гигант кој настапув во елитната младинска ЛШ.
Инаку да потсетиме дека Гаштаров е актуелен младински репрезентативец на Македонија до 18 и 19 години.