Италијанката Федерика Брињоне денеска испиша историја на спустот во швајцарскиот Сент Антон, откако стана најстариот освојувач на прво место на една трка во најбрзата дисциплина.
Легендата на женското светско скијање прва мина низ целта со време од 1:16:08, додека пак на второто место се пласираше Мелори Бланк со заостанување од само седум десетинки.
На третата позиција со заостанување од 18 стоти делови од секундата се пласираше Естер Ледецка од Чешка.
Во генералниот пласман води хрватката Зринка Љутиќ со 456 бодови.