ПМФЛ: Тиквеш со победнички амбиции го дочекува Гостивар, Работнички на гости во Охрид!

48

Денеска од 15 часот на програмата се пет средби од 24.коло во тековната сезона во ПМФЛ. Вчера во големото дерби кое се одигра на ФФМ во Скопје, Вардар и Шкендија на отворањето на ова коло одиграа 1:1.

И денеска очекуваме интересни и квалитетни средби за наши услови.

Во Кавадарци домашниот Тиквеш го пречекува Гостивар. Ова е значаен меч за двете екипи, посебно ако се знае дека реми не им одговара ниту на домашните а уште помалку на гостите.

Тиквеш најавува голема битка, јасно е дека ќе се оди на победа. Гостивар има одличен тим по имиња, но никако овој тим да покаже дека со право сака битка за титулата.

Работнички ќе има тешка задача во Охрид кај Воска. Тимот на Горан Станиќ со победа и тоа како ќе и се приближи на Шкендија, на три бода, во битката за титулата. Сепак Воска си има свои амбиции.

Шкупи е во мини – серија од два порази. Секако дека чаирчани на свој терен и пред своите фанови ќе се обиде да дојде до победа против составот на Пелистер.

Струга ТЛ гостува кај Беса во меч кој не смее ни една екипа да доживее пораз. И тука се чини дека реми не одговара никому. Шампионот мора да влезе во победничка серија ако сака барем да се најде на оние места кои водат во Европа. Титулата оваа сезона е далеку, далеку за стружани.

Во Струмица домашната Брера го дочекува Силекс. Веројатно кратовци се фаворити, ама Брера на последниот свој настап и тоа кај Гостивар, покажа дека знае да измненади.

ДВОЈКИ ЗА 24.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)

Скопје: Шкупи – Пелистер

Гостивар: Беса – Струга ТЛ

Охрид: Воска – Работнички

Кавадарци: Тиквеш – Гостивар

Струмица: Брера – Силекс

ВЧЕРА

Вардар – Шкендија 1:1

ТАБЕЛА

Шкендија 50, Силекс 45, Гостивар 44, Работнички 44, Струга ТЛ 38, Шкупи 31, Пелистер 26, Вардар 22, Брера 21, Тиквеш 18, Воска 18, Беса 18…

ПретходноОдложено големото враќање на Нејмар во Бразил
СледноФИФА и УЕФА со единствена порака: Омерагиќ е вистинскиот избор за македонскиот фудбал