Натпреварот меѓу екипите на Шкупи и Вардар во рамките на 30. коло од ПМФЛ ќе се одигра во сабота. Како што потврдија организаторите, мечот ќе биде одигран на стадионот „Чаир“ со почеток во 16 часот, ден порано од останатите дуели во тековното коло.
Во рамките на 30. коло во ПМФЛ в недела од 16 часот ќе играат:
Беса – Брера Струмица
Гостивар – Пелистер
Работнички – Силекс
Струга ТЛ – Шкендија