СпортСпорт во Раденци, Огнен Чак Дојчиновски
Најтрофејниот македонски фудбалски колектив, тимот на Вардар во моментов се наоѓа во својата база во Раденци, Словенија, каде што ти одработува овогодинешните летни подготовки.
Освојувачот на Купот на Македонија во свој автентичен стил, како што му личи на најголемиот фудбалски бренд во Македонија, одлучи со себе на овие подготовки, преку официјален брифинг да ги сподели моменталните случувања во клубот, амбициите, тековните збиднувања.
Управата на чело со извршниот директор Миленко Неделковски, како и спортскиот директор Игор Ивановски ја информираа јавноста дека и покрај огромните проблем и од финансиски карактер со кои што клубот се соочуваше во изминатиот период, ситуацијата сега е далеку подобрена. Се излегува од финансиската „дупка“, се прават напори за целосна рехабилитација на ова поле.
Па така, конструкцијата по ова прашање е веќе направена, и за следната сезона се планирани минимум 3.5 милиони евра како буџет за функционирање. Тука се вметнати сите расходи, од оние нај транспарентните, а тоа се плати за играчите и стручниот штаб, тековните трошкови за функционриањето на клубот, како и оние кои го болат најмногу ФК Вардар периодов, но кои се многу важни. А тоа се долговите пред се према УЈП, со кои Вардар направи директна спогодба за исплаќање на рати.
Вардар е единствен профитабилен ПМФЛ клуб
Од ФК Вардар информираат дека според документите на УЈП кои секако се јавно достапни, тие се единствениот клуб, кој што во изминатиот период, и покрај огромниот долг спрема правни и физички субјекти остварил добивка. И тоа во вредност до 250.000 евра.
Неколку спонзори го пополнуваат буџетот
Конечно, јавноста мора да е свесна дека сите средства кои во моментов се слеваат во касата на Вардар, не доаѓаат од еден извор, туку управата е во константна потрага, и потшишување на нови договори со нови спонзори. Тие лесно ќе бидат видливи на новиот дрес на ФК Вардар за новата сезона.