Андон Дончевски нашиот херој…. Вардар го покани, а тој потроши над 4000 долари за да пристигне

1579

Најтрофејниот македонски фудбалски колектив, ФК Вардар во моментов е во својата тренинг база во Раденци, Словенија, каде што ги одработува летните подготовки за претстојната натпреварувачка сезона. Мина ФК Вардар многу премрежја во изминатиов период, го чекаат уште многу набргу, но нашиот најголем фудбалски бренд и тоа како знаеше, знае и ќе знае да се носи со сето тоа.

Имал Вардар многу непријатели, но има и пријатели кои секогаш се тука за клубот. Еден од нив е Андон Дончевски најдобриот стрелец на ФК Вардар на сите времиња. Првиот македонски селектор, Дончо национале…..

На денешниот брифинг во Словенија, извршниот директор на ФК Вардар, Миленко Неделковски сподели приказна која ќе ги столли срцата на сите оние нив кои тече „црвено – црна“ крв. На сите оние на кои кога ќе се спомне Вардар им солзат очите. Еден од нив е Андон Дончевски.

„Идејата да се донесе Андон Дончевски на хуманитарниот меч против  Црвена Звезда беше на клубот. Сепак, Австралија е многу далеку и ФК Вардар можеше да му обезбеди економска класа билет на Дончевски, додека пак хотелот за неговиот престој ја подмири Фудбалската Федерација на Македонија. Сепак, Дончевски со оглед на неговата возраст може да патува само во бизнис класа, а тој билет чини премногу во овој момент. Сепак, Дончо никогаш не го оставил својот Вардар на цедило, па така беше и сега. Вардар му обезбеди бизнис класа билет, но тој самиот си ја доплати разликата. Е тоа е човек кој го сака Вардар, и кој му мисли добро. А не оние кои до последен цент камата, сметаа колку треба да му земат за Вардар, затоа што наводно дале многу за клубот. Најголем респект, почит за тој човек“ – изјави извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски.

ПретходноВардар со 3.5 милиони евра буџет ќе напаѓа двојна круна во новата сезона
СледноВардар некогаш и сега….. вратени 7.5 милиони евра, освоен Куп, Европа и високи амбиции