Диего Кастањеда, некогашен играч на Бока Јуниорс, и официјално е “црвено – црн“!

451

Аргентинскиот фудбалер од средниот ред, Диего Факундо Кастањеда (26) е ново име во Вардар. Минатата сезона ја мина во Црна Гора во дресот на Петровац. Во своите настапи во Ц. Гора Кастањеда постигна 7 гола и регистрираше 5 асистенции, а на 5 натпревари беше „меч винер” за својот тим. 

No description available.

Претходно играше за Бока Јуниорс до 20 години, а подоцна и за Б-тимот на Бока Јуниорс. Брзината, добрата техника, прецизните додавања и борбениот темперамент го прават вреден играч во офанзивниот среден ред и тој е вистински претставник на аргентинската фудбалска школа.Секако дека ова е уште едно добро засилување во составот на Гоце Седлоски. Нема дилеми дека раководството на Вардар има намера и тоа како осетно да го засили тимот на нашиот најтрофеен клуб.

ПретходноЧаби Алонсо: Брзо се адаптиравме на тешката ситуација
СледноОФМ: Горан Пандев ти благодариме, се чувствувавме како дома!