Јанев загуби во финалето во двојки на Неоком Опен 2025

12
фото: mtftennis.mk

Македонскиот Дејвис куп репрезентативец Кристијан Јанев заедно со тенисерот од Чешка Матиас Скрлик стигнаа до финалето на Neocom Open 2025 турнирот за тенисери до 18 години што се играше во Скопје. Поуспешни од нив во финалето беа тенисерите од Србија Вук Пантиќ Црнчевиќ и Павле Стоилјковиќ, кои остварија победа од 2-1 во сетови (76(3) 26 и 10-8 на поени).

На турнирот кај девојчињата во поединечна конкуренција македонската тенисерка Сара Митевска стигна до полуфиналето и беше елиминирана од Лидија Панајотиду од Грција, која оствари победа од 2-0 во сетови.

Од денеска на терените на ТК Југ во Градски парк стартуваше нов турнир од рангот Ј60 Југ Опен 2025.

ПретходноРасел Вестбрук пред нов НБА ангажман