У-16: Македонија ќе одигра два контролни меча со Црна Гора во Охрид

116

Македонската репрезентација до 16  години (генерација 2010) ќе одигра два контролни натпревари против Црна Гора. Дуелите се закажани на 19. август (вторник) во 17:00 часот и два дена подоцна (четврток) во 11:00 часот на стадионот „Билијанини извори“ во Охрид.

Селекторот на младинската репрезентација до 16 години, Иљами Исејни за двата пријателски натпревари против Црна Гора ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Петар Талески (Шкендија), Илан Мемети (Лозана, Швајцарија);

Одбрана: Матеја Масев (Црвана Звезда, Србија), Марио Стојчевски (Вардар), Адриан Велески (Вардар), Михајло Павлов (Форца), Илија Аксентиев (Македонија Ѓ.П.), Амар Акики (Шкендија), Филип Ѓоргиовски (Парк Сити);

Среден ред: Онур Чако (Гостивар), Огнен Јаков (Вардар), Далибор Марковиќ (Македонија Ѓ.П.), Алекса Полимац (Партизан, Србија), Марин Крстевски (Форца), Огнен Сивески (Македонија Ѓ.П.) , Благојче Седлоски (Парк Сити), Матеј Бочевски (Македонија Ѓ.П.), Павел Стојанов (АП Брера), Рон Мемеди (Албион), Дардан Адеми (Гостивар);

Напад: Ефе Раифи (Гостивар), Стефан Ристиќ (Партизан, Србија), Медин Емини (Кошице, Словачка), Коста Георгиевски (Минералац, Србија);

ПретходноМиленкоски: Очекуваме полна сала и поддршка !
СледноСкандалозниот транспарент „Убијци“ на израелските навивачи ги шокираше сите, се огласи и амбасадата