Премиерна победа и за Брера сезонава

123

Тимот на Брера со мининмални 1:0 предмалку на домашен терен го совлада Шкупи и на тој начин ја забележа првата победа сезонава во ПМФЛ шампионатот. Петтото коло за струмичани беше талично, а стрелец на единствениот гол на денешниот меч беше Кире Стојанов во 85. минута од мечот.

Ова беше борбен натпревар во Струмица, а Брера покажа за нијанса повеќе, токму за да ги освои бодовите. На стартот, Сухељ Мухарем во 18.минута постигна гол за Шкупи, но беше досуден офсајд, а потоа одлуката беше потврдена и од ВАР собата. Во 48.минута, шанса за домашните имаше Никола Величковски, но шутираше над голот откосо од левата страна.

Во 60.минута, Антовски нафрли од слободен удар, а Аризанкоски шутираше со глава, за малку непрецизно.

Во 85.минута, Брера конечно дојде во водство. Кире Стојанов доби топка на левата страна, успеа да се ослободи од противникот и да погоди во спротивниот агол, но во прв момент беше досуден офсајд. Сепак, по триминутна проверка на ситуацијата во ВАР собата, голот на Стојанов беше признат.

ПретходноКаљари со три домашни бода против Парма
СледноСилекс не застанува, Работнички не проработува