Ракометарите на Пелистер целосно се свртени кон Лигата на шампиони. Во серијата на тешки натпревари следи пресметката со Барселона. Каталонскиот гигант е гостин во салата „Боро Чурлевски“, мечот се игра во среда со почеток во 20:45 часот.
Актуелниот првак денеска во 12 часот ќе ги пушти во продажба билетите за овој натпревар, со оглед на тоа дека гостува Барселона сигурни сме дека истите ќе се распродадат за рекордно време.
Двата тима до сега се немаат сретнато, ова е прво гостување на каталонскиот гигант во Битола.
Пелистер има скор од една победа и три порази, се наоѓа на седмото место во групата Б, додека пак Барселона е трета со три победи и еден пораз.