ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Бледи Шкемби (Струга ТЛ)

54
ФОТО: FC Struga/FB

Струга ТЛ и дефинитивно ја надмина мини – кризата која ја “тресеше“ оваа екипа во 9. и 10.коло. Да се потсетиме, прво пропушти да го победи Вардар на Арената, Малески ќе го памети цел живот тој меч, а потоа дома пораз од Брера со 2:4.

Сепак во следните три кола три победи. Посебно импресионираше тимот од Струга во ова 13.коло против Арсими. Не само поради тие 4:0, туку поради начинот како одигра. Лесно, убедливо, квалитетно, видовме една разиграна Струга ТЛ а за тоа секако дека своја голема заслуга има тренерот Бледи Шкемби. И кога беше тој пораз од Брера, стратегот од Албанија не паничеше. Знаеше, а и сите знаеме дека во фудбалот такви киксови се случуваат, долга е сезоната, но најважно е што неговиот тим влезе во победничка серија.

ПретходноШешко не е посериозно повреден
СледноАтанасовски: Играњето за Македонија е привилегија, а ние можеме да се надигруваме со секого