За утре е закажано да се одигра дел од 14. коло од ПМФЛ шампионатот на Македонија но еден од дуелите сепак ќе биде презакажан за во вторник на 25.11.2025.
Мечот помеѓу екипите на Шкупи и Пелистер ќе се игра три дена подоцна, затоа што сеуште е активна суспензијата на теренот на Чаир, а алтернативата е Струга, каде што и ќе се одигра овој меч.
Јавноста шпекулираше со евентуално одигрување на мечот токму во Битола, но сепак, тоа и не беше реална опција. Теренот во Струга инаку во моментов е во тешка состојба поради обилните дождови.















