Шкендија има само една мисла – победа над Работнички

0
фото: KF Shkëndija (FB)

Шкендија на денешниот дуел со Работнички влегува по поразот од Дрита во Приштина во Лигата на Конференции. И покрај тоа, мислите на шампионот се само победнички. Три бода добро ќе ги „залечи раните“ од тој пораз, и она што е најважно, шампионот ќе ја продолжи потерата по водечките два тима Струга ТЛ и Вардар, кои претходно ги совладаа своите ривали Башкими, односно Шкупи.

Во таборот на Шкендија владее оптимизам дека после поразот од Арсими од 3-0, тимот ќе се врати на победничките патеки и ќе дојде до десеттиот триумф во сезоната.

„Влегуваме во овој натпревар после пораз од Дрита во Лигата на Конференции. Во фудбалот има и победи, и порази, и сега мораме да гледаме напред. Ќе мораме да го дадеме максимумот против Работнички. Фокусирани сме максимално на овој натпревар, подготвени сме и физички и психолошки, и мораме да го дадеме својот максимум. Го респектираме секој противник, така и Работнички, меѓутоа наша задача ќе биде да се фокусираме само на три бода, и да се израдуваме себе и навивачите“, рече левиот бек на тетовскиот тим Нуман Ајети.

ПретходноЕмери го израмни клупскиот рекорд на Астон Вила