Нема рамна на Ника Превц во женските ски скокови

419

Словенечката натпреварувачка Ника Превц е победничка на женската верзија на „Четири скокалници“, која што традиционална се нарекува „Две ноќи“.

Таа го освои четвртото место на денешниот натпрервар во Оберсдорф со што обезбеди лидерски резултат во вкупниот пласман. Инаку денеска најдобар пласман за прв пат во кариерата обезбеди канаѓанката Ебигејл Стрејт со вкупно 268.2 поени.

Ова беше трето издание на „Две ноќи“ и воедно и трета победа на Ника Превц, сестрата на Домен Превц кој што е лидер по две скокалници на овогодинешната новогодишна турнеја „Четири скокалници“.

 

ПретходноБренан Џонсон прифати: Велшанецот од Тотенхем оди во Кристал Палас
СледноБарселона го договори чудото од дете на Ал Ахли