И фудбалерите на Пелистер, како и поголем дел од клубовите во ПМФЛ, најважниот дел од зимските подготивки ќе ги одработат во Анталија, во познатиот спортско – туристички центар во Турција.
Како што информираат битолчани, тие стартот на подготовките за пролетниот дел ќе го означат на 9 јануари на стадионот “Петар Милошевски“ во Битола прво со прозивка а потоа и со првиот тренинг во новата 2026 година. Експедицијата на Пелистер во Анталија ќе престојува од 17 до 31 јануари, а таму ќе се одиграат и пријателски средби со Спартак Суботица (Србија), Железничар (БиХ), Невбахор (Узбекистан)…















