
Од капитенот, Филип Кузмановски се очекува и на ова големо натпреварување да биде лидер на терените. Од година во година ја оправдува сериозната улога која му е доверена во македонската ракометна репрезентација.
Македонија на ова Европско првенство ќе отвори против Данска (20:30 часот), во група ќе игра против Португалија и Романија. Нашиот национален тим повторно е еден од најмладите.
„Имаме тешка група, но играме за Македонија, се бориме за Македонија. Ние сме млад тим и покажуваме нешто на овој турнир. Сакам да го споделам моето искуство на моите соиграчи. Долго време сме заедно – три, четири години играме заедно. Ова е нашата силна страна. Го покажуваме најдоброто од себе.“
Што се однесува до мечот со актуелниот светки и олимписки првак, Кузмановски вели дека ќе се борат 60 минути.
„Имаме мотивација затоа што играме против Данска. За мене, Данска е фаворит за оваа титула. Играме во Данска во полна сала, што пак ни дава мотивација да го покажеме нашиот квалитет. Ќе се бориме сите 60 минути.
Во Данска има многу големи имиња: Гидсел, Питлик, Лауге, Нилсен…Навистина тешка задача, но од друга страна како што кажав мотивација, ова се најдобрите ѕвезди во овој тим.
Клучна за нас е одбраната. Без одбрана не можеме да направиме ништо на овие натпревари“, рече Кузмановски.










