Полувреме: Вардар си го гази очајниот Работнички!

234

Работнички – Вардар 0:2 по првото полувреме денеска на ФФМ, во меч од 18.коло. Некогаш беше големо дерби, а сега очајниот Работнички едноставно нема сила да се носи со големиот фаворит кој иако не игра максимално, барем се чини, неверојатно е колку е надмоќен.

Уште во 30 секунда Цветковиќ имаше зицер за водство на Вардар, но сепак за разлика од мечот со Арсими, сега немаше среќа, го погоди само дирекот. Се играше 8.минута кога Закариќ по асистенција на Омерагиќ, ја тресе мрежата на Ондоа за 0:1. Само три минути подоцна и Николов се закани, но немаше удвојување на водството на вардарци.

Затоа 0:2 беше во 16.минута кога Омерагиќ најдобро се снајде во домашниот петерец и успеа да го совлада камерунаксиот голман кој едноставно не е на висина на задачата.

По тој гол Вардар како малку да го намали притисокот, кога виде со кого си има работа. Работнчки се закани во 38.минута со убавиот шут на Талаков, а голманот на Вардар, Талески, со прекрасна парада го спаси својот гол.

ПретходноСензационална победа на Бадел 1862 против фаворитот Крива Паланка
СледноЛиндзи Вон пуштена од болница!