Првата цел исполнета: Кадетките го потврдија статусот на фаворитки за медал (ФОТО)

143

Женската кадетска репрезентација на Македонија ја совлада и Словачка во групната фаза на Светското ракометно првенство за училишта кое се одржува во Скопје. Овие млади девојки покажаа како се игра за дресот со државниот грб и ја потврдија својата кадидатура за висок пласман.

Денешната победа над Словачка покажа дека избраничките на Даниела Новеска се на одличен пат, а продолжението на успесите го очекуваме веќе во четвртфиналето. Браво девојки!

ПретходноПромотивна понуда за возила на лагер – Ford Kuga Hybrid по цена од 34.900€
СледноНикола Серафимов со повреда и го пропушта дуелот со ЦСКА Софија