Барса може и пред „Ел Класико“ да ја освои титулата во Ла Лига!

144
FC Barcelona

И дефинитивно синоќешното реми на Реал Мадрид против Реал Бетис ѝ отвори врата на Барселона да направи огромен чекор кон титулата во Ла Лига, бидејќи ситуацијата на табелата сега целосно се сврте во корист на каталонскиот клуб.
Реал Мадрид моментално има 74 бода и е осум бода зад тимот на Ханси Флик, кој е на 82, со натпревар помалку, што дополнително ја нагласува предноста на Барселона на крајот од првенството.
Барса веќе има можност дополнително да ја зголеми разликата денес, бидејќи гостува кај Хетафе, каде евентуална победа би значела одење на плус 11 во споредба со најголемиот ривал. Такво сценарио практично би ја одвело Барселона на еден чекор од освојување на титулата, бидејќи следните резултати би можеле многу брзо математички да го потврдат она што веќе изгледа сигурно.
Во 34-то коло, Барселона гостува кај Осасуна во Памплона, додека Реал Мадрид го очекува непријатно гостување кај Еспањол, тим кој се бори за опстанок и очајно има потреба од бодови. Токму тука се крие клучот на целата приказна. Доколку Барселона постигне две победи, против Хетафе и Осасуна, а Реал Мадрид во меѓувреме загуби или одигра нерешено против Еспањол, тимот од Каталонија би можел математички да ја обезбеди титулата уште следниот викенд.
Ова би значело дека тие би пристигнале на “Ел Класико“ со недостижна предност од 13 бода, со само четири преостанати кола и максимум 12 бода во играта.
Со други зборови, титулата би била решена дури и пред најголемиот натпревар во шпанскиот фудбал.

ПретходноАрбелоа бесен по грешката на Реал Мадрид: Судиите во Шпанија не го разбираат фудбалот
СледноНадал се огласи за Алкараз