Работнички со лесна победа го затвори плеј-аутот

66

Во последниот натпревар од актуелната сезона, кошаркарите на Работнички го победија тимот на Ангели со 99:84 и со тоа победнички ја затворија битката за опстанок во елитата. Момците од Градски Парк и следната сезона ќе бидат дел од елитата, нешто што го потврдија уште во минатото коло, а со денешната победа само го потврдија местото меѓу трите екипи кои остануваат во кошаркарската елита.

На денешниот дуел Работнички беше доминантен во три четвртини и потоа во последниот период следуваше мало опуштање. Гостите ја искористија шансата и успеаја малку да намалат од и онака високата негатива.

Рикиќ со 31 поен беше најефикасен кај Работнички, додека кај Ангели се истакна Кечовски со 24 поени.

ПретходноГравина: Италија не заслужува место на Мундијалот!
СледноДербито меѓу Алкалоид и ГРК Охрид во вторник во Автокоманда