Со продажбата – Брегалница има 750.000 евра сигурни пари!

558

Советот на општина Штип попладнево ја донесе одлуката со која акциите на фудбалскиот клуб Брегалница се продаваат на германскиот спонзор кој во текот на неделава за сума од 150.000 евра ќе откупи 51% од акциите на клубот. Со тоа веќе најавениот Франк Соломон кој е сопственик и на германскиот нисколигаш Феникс од Либек ќе го менаџира клубот од Штип во кој доаѓа по препорака на поранешниот фудбалер Томче Блажевски.

Од она што беше објавено пред советниците на град Штип.

-Новиот сопственик на мнозинскиот пакет на акциите во клубот се обврзува да инвестира најмалку 30.000.000 денари (500.000 евра), годишно ако клубот настапува во Првата лига – или 15.000.000 денари (250.000 евра), ако „сините“ се преселат во понизог ранг.

Тука се прецизирани и обрските на малцинскиот сопственик на акциите а тоа е градот Штип кој се обрзува годишно да инвестира 15.000.000 денари (250.000 евра), годишно ако екипата игра во Прва лига или 9.000.000 денари (150.000 евра), ако екипата игра во понизок.

Сопственикот нема прави да го менува името Брегалница, боите на клубот и седиштето на клубот.

Со оваа одлука се става крај на неизвесноста и проблемите во Штип околу иднината на клубот кој сега има солидни и добри 750.000 евра буџет за престојната сезона.

Она што е поизвесно е тоа дека Влатко Костов најверојатно нема да остане на клупата на „сините“ каде се очекува да седне Александар Таневски чија што судбина е непозната како тренер на ФК Скопје со кој исто така избори пласман во елитното друштво.

ПретходноДенеска Игор Стојчевски суди на ЕП во Велс
СледноДимитар Трајков е нов играч на Вора!