Ѓуретановиќ со најдобро време на 200 метри слободно на Европското првенство

113

Македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ настапи на Европското првенство кое се одржува во Париз. Тој го имаше својот настап во квалификациите на 200 метри слободен стил.

Ѓуретановиќ кој е единствен македонски претставник на Европското првенство, го освои шестото место во својата квалификациска група со време од 1:52,59, со што го подобри својот најдобар резултат во кариерата на оваа дистанца, кој изнесуваше 1:52,86.

Следен предизвик за македонскиот пливач ќе биде втората дисциплина во која е пријавен на ова Европско првенство – 400 метри слободен стил.

Квалификациските трки во оваа дисциплина ќе се одржат во недела, 16 август, со почеток во 9:30 часот.

ПретходноЕурофарм Пелистер продолжува во победнички ритам!
СледноПотврдено: Ѓорѓиевски, Димоски и Амзаи заздравија од повредите и ќе можат да играат против Хиберниана тренерот Положани