Првиот противник на макеоднската кошаркарска репрезентација во вториот циклус од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029, селекцијата на Австрија, загуби на гостувањето на Кипар со 77:72 во првиот меч од нашата група. Кипраните приредија мало изненадување и успеаја да слават во првиот дуел со Австрија.
Извонредна кошарка кај селекцијата на Кипар одиграа Филипос Тигкас кој средбата ја заврши со 25 постигнати поени, а одличен беше и Стефанос Тигкас кој постигна 15. Во триото најдобри кај Кипар беше и Пасхиалис кој мечот го заврши со 13 поени.
Кај селекцијата на Австрија во поразот најефикасен беше Мбемба со 19, додека Капиќ постигна 18 поени.










