Одиграа фантастично прво полувреме со Вардар, имаа 1:1 во Скопје и три шанси за 1:2 по што следеше “бродолом“ и пораз од 4:1 и криза резултатска која сеуште го дрма тимот од Кратово. Во таа лоша серија се и поразите од Шкендија (0:2), Струга (1:0) и ремито со Брегалница изминатиов викенд кога тимот на Александар Васовски дома спасуваше бод и стигна до 2:2.
Но, во сите овие неуспеси зедничко е тоа што тимот на Силекс настапи без Никола Богдановски. Можеби единственото вистинско засилување кое стигна летово во Кратово од Србија и фудналер кој ја правеше разликата на дуелите на стартот од сезоната во кои Силекс играше како треба и победуваше.
Офанзивниот играч за врска има незгодна повреда на ложата. Неизвесен е и за дуелот кој следи во петок со Тиквеш на домашен терен и меч на кој Силекс мора да победи ако сака да остане во трката со водечките екипи на табелата. Можеби Шкендија има +8 бода разлика но останатите екипи како Вардар, Тиквеш и Шкендија од Арачиново се тука некаде – достижни со серија од 2-3 победи за што овој тим од Кратово има капацитет и знење.
Но без Богдановски – тешка работа. Единствениот кој знае да направи разлика, потег и да ги „врзе“ напаѓачите. Требаат голови – одбраната игра добро но не може да носи и победи.















