Иако нашата А-репрезентација имаше четири порази во исто толку мечеви во Лигата на Нации, иако не успеавме да постигнеме гол а примивме 10, сепак го имаме голманот со најмногу одбрани по првите четири кола во сите сегменти во ова европско натпреварување.
Имено Столе Димитриевски успеал да забележи 21одбрани на тие четири меча што го носи на првото место според „Sofacore“.
На второто место се наоѓа Сене Ламенс од Белгија со 19 одбрани, трет е Џиџи Донарума од Италија со 19 одбрани. Следуваат Ентони Морис (Луксембург) со 18 одбрани, Вања Милинковиќ – Савиќ (Србија) 17, Јан Облак (Словенија) исто 17 одбрани.
Иако нема којзнае каква добра оценка, сепак овие 21 одбрани и тоа како значат нешто, а тоа е дека Столе во овој циклус од четири меча во Б Лигата на Нации и тоа како си ја покажа својата класа. Реално ако не беше тој, поразите ќе беа уште покатастрофални.










