Познат распоредот на болидите за утрешниот старт на најновата трка на Формула 1 шампионатот, која што викендов се вози во Сингапур.
Како и утринава, во спринтот, најбрз во квалификациите беше Макс Верстапен. Тој по втор пат во серија ќе стартува од најдобрата позиција.
Тој беше 54 илјади делоци од секундата побрз од Шарл Леклер, додека пак трет се појави Луис Хамилтон.
Кими Антонели, кој што е водечки во генералниот пласман утре ќе стартува како четврти.
Трката инаку стартува од 14:00 часот.










