Веќе информиравме дека денеска на Чаир во меч од 12.коло во ужасни услови играат Шкендија (А) и Тиквеш. Од нашата фотографија можете да се уверите дека теренот е под кал, нема овде услови за добар фудбал, штета ако се знае дека се среќаваат две квалитетни екипи.
Тоа е тоа, тоа е мак – фудбалот од октомври-ноември па се до април месец.
На вакви услови се играа натпревари од 19.век а сега сме ноември 2026 година.
На ваков терен играат екипи од елитната лига на Македонија.
Срамно!
















