Тимот на Струга Трим Лум се пофали со уште еден новитет во своите редови. Се работи за повратникот Зија Мерџани кој играше за Шкендија, но сега се враќа во старото јато што се вели и следната сезона ќе биде дел од Трим Лум.
Дефанзивецот ќе биде уште едно од неколкуте сериони засилвања во тимот на Срѓан Захариевски за следната ПМФЛ сезона во која очигледно дека Струга планира да атакува на највисок пласман.