Татран убедлив во првото осминафинале во СЕХА лигата

103

Ракометарите на Татран Прешов убедливо ја совладаа Војводина во првиот натпревар од осминафиналето на регионалната СЕХА лига. Словачкиот тим славеше со 40:28 на домашен терен, а реваншот е во среда од 16 часот исто така не теренот во Словачка.

Победникот од овој дуел во четвртфиналето ќе се сретне со Мотор Запорожје од Украина.

Оливер Рабек го предводеше Татран со десет голови, додека Лука Роган со осум гола беше најефикасен кај Војводина.

ПретходноИ официјално: Македонија со 26 играчи на ЕУРО!
СледноАнадолу Ефес ја доби „мајсторката“ против Реал (М) и закажа полуфинале со ЦСКА