Брегалница едноставно знае како против Шкупи. Одлично издание на штипските “сини“ и триумф и тоа со двата гола на Ѓорѓиев. Интересно, Брегалница имаше шанси до врв да му ја наполни мрежата на шампионот, Додев посебно. Секако дека и исклучувањето на Сандеј не може да ја намали победата на четата на стратегот Илчо Ѓорѓиоски кои покажаа дека сезонава и тоа како треба да се смета на нив.
А Шкупи ќе си има проблеми, евидентно е тоа. Денеска и со новиот тренер Гокхан Бозкаја покажаа чаирчани дека се далеку, далеку од шампионската форма.