Хоган Укпа: Ветувам дека против Брегалница ќе одиграме подобро отколку на последниот натпревар!

193

 

Време е лидерот Струга Трим Лум да се “разбуди“. На последните три меча стружани освоија само бод па така сега разликата е само +3 бода во однос на втората Шкендија. Посебно лошо тимот на Струга Трим Лум одигра на последниот меч во Прилеп каде загуби од Победа.

Сепак тоа е минато, денеска во рамките на 13.коло со почеток од 13 часот по трите гостувања стружани играат на свој терен и тоа против Брегалница.

Хоган Укпа, интернационалецот од Нигерија за тоа што може да се очекува од денешниот дуел со Брегалница има свој коментар:

„Тежок натпревар, но можам да ветам една работа на нашите навивачи. А таа е дека Струга Трим Лум ќе одигра многу подобро од тоа што беше на последниот натпревар. Сакаме да победиме и да останеме на врвот на табелата. Не можам да ветам гол како на првиот меч со Брегалница, но не и ни важно кој ќе биде стрелец, важно е да се освојат трите бода“ посочи Укпа.

ПретходноТурските медиуми тврдат: Ливерпул го сака Елмас уште во јануари!
СледноМакедонските каратисти со историски резултат на Светското првенство во Турција (ФОТО)