Коментар на 13.коло: Струга ТЛ остана на +3, се вжештува битката за титулата

549

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Интересно. Во 13. коло, кое се одигра викендов, ниту еден од првите четири тима на табелата на успеа да победи, па така лидерот Струга Трим Лум си ја задржа предноста од +3 бода во однос на Шкендија и +4 во однос на Шкупи и Силекс. Тетовци играа во Кратово, Струга ТЛ дома со Брегалница а Шкупи во Ѓорче каде во 90+2.минута прими гол за 1:1.

Струга ТЛ одигра подобро од Прилеп, имаше и водство, малку проблематичен е првиот гол на „сините“, сепак треба да се има подобар агол на гледање да се дефинира дали е офсајд или не, но сепак на крајот заврши овој меч 2:2. Ако нешто може да ги радува сите во клубот тоа е дека Струга ТЛ одигра далеку подобро од она што играше во Прилеп, но и Брегалница го имаше едно од подобрите изданија оваа сезона. Одличен меч, нема тука никакви дилеми.

Сепак, без разлика на овие ремија, се знае дека се вжештува битката за титулата. Струга ТЛ по ова 13.коло има 26 бода, Шкендија 23 а Шкупи и Силекс по 22. Значи сите се тука, разликата е во само една победа народски кажано.

Не би сакал да кажувам кој е фаворит, веројатно според името и рејтингот тоа би била Шкендија, но како може да се заборави на шампионот или на Струга ТЛ која има предноста, а на крај и на Силекс кој од сенка си ја чека својата шанса.

Ако се знае нешто тогаш тоа е дека овие екипи и ќе ги распределат своите местата за излез во Европа.

Но, за тоа има уште време, посебно ако се знае дека допрва треба да се игра 1/4 финалето од Купот на Македонија.

Што навистина се случува со А. Пандев?

Вчера “пандевци“ дома загубија од Работнички, кој покажа дека може против секого и секаде да дојде до победата. Струмичани заборавија кога последен пат победија, а тоа беше во последните денови од август, а еве утре сме ноември.

Васоски си даде оставка, но истата не му е прифатена, и тој останува и натаму тренер. И сега ќе има уште потешка работа, сега екипата е психолошки падната, го чека тежок распоред. Во меѓувреме се бараат победи, доста беше порази.

Следниот викенд “пандевци“ гостуваат кај Шкендија, Струга ТЛ игра со Работнички во Скопје, Силекс исто во Скопје против Скопје а Шкупи е слободен.

ПретходноСуарез ја освои втората шампионска титула со Национал
СледноОФИЦИЈАЛНО: Пиоли стави потпис на нов договор со Милан