Работнички во три сета го реши дуелот со Вардар ЕМ

111

Одбојкарките на Работнички славеа со максимални 3:0 (25:29, 26:24, 25:15) во последниот меч од 4. коло од домашниот одбојкарски шампионат. На мечот кој се одигра во Тетово, шампионките освен во вториот сет, се чини немаа поголеми проблеми да ги решат сетовите во своја полза.

Новајлијата во елитата, екипата на Вардар ЕМ покажа дека не случајно е во прволигашкото друштво, па со играта и залагањето најавија дека вос ледните кола ќе бидат тврд орев за сите противници.

За Работнички ова беше четвртта победа во серија од почетокот на сезоната.

ПретходноЛШ: Порто му ја затвори европската врата на Атлетико (М) (ВИДЕО)
СледноБруклин му врачи отказ на Стив Неш