Реакција на Струга ТЛ по одлуката на Судиската комисија дека голот на Брегалница бил регуларен! (ВИДЕО)

573

 

Вечерва Струга Трим Лум излезе со соопштение, односно реакција на одлуката на Судиската комисија дека првиот гол на Брегалница на завчерашниот меч бил регуларен.

Во реакцијата Струга ТЛ дава свое видување за тоа дали голот бил регуларен, со видео и со посебна графика. Едноставно се бара грешките да се сведат на минимум за доброто на сите во мак – фудбалот.

Реакцијата на Струга ТЛ ви ја пренесуваме во целост:

“Клубот на F.C. Struga TRIM & LUM се обиде да се воздржи од вакви реакции на арбитражи, но последната анализа на судиската комисија не принудува да побараме објаснување, како се анализирало истото.

Сомнителната ситуација на голот на гостинскиот тим на Брегалница во 24-та минута од последниот натпревар, што директно влијае на исходот на натпреварот.

Во оваа прилика сакаме да ја изразиме и нашата огорченост од слабото и несовесно судење на зелениот терен, особено на последните натпревари, каде нашиот тим е оштетен на 3 од 4 одиграни натпревари (ова го потврдувате и самите во вашите анализи):

10-то коло, при резултат 0:0, досуден пенал во корист на противникот, екипата на #ФЦШкупи, натпреварот завршува 1:0 во нивна корист.

Натпревар 1/8 од финалето од Купот против #Работнички, поништен гол за офсајд позиција, чудна одлука со оглед на тоа што играчот кој ја удира топката е пред напаѓачот на нашиот тим кој постигнува гол.

13-то коло, при резултат 1:0 во наша корист, гостинскиот тим на #Брегалница го постигнува израмнувачкиот гол, судијата оценува дека позицијата на играчот е регуларна и дозволува играта да продолжи.

Судиската комисија при Фудбалска Репрезентација на Македонијаму дава право на крилниот напаѓач (снимките покажуваат нешто друго)

Грешки на судиите се случиле и ќе се случуваат и во иднина, и ние како клуб сме свесни за тоа и ги прифаќаме, но во последните 4 натпревари нашиот тим стана плен на грешки, во 3 од нив кои влијаат и на нашиот напредок, целите и состојбата на тимот во продолжение на првенството.

Неприфаќањето на грешката и потврдувањето со потполна сигурност не згрижува и не тера до оваа реакција и воедно да побараме објаснување од судиската комисија како е можно во оваа ситуација да се изјаснуваат дека голот бил регуларен.

Кои се снимките кои им биле презентирани на оваа комисија, која со толкава сигурност го потврдува голот на гостинскиот тим

Ние како клуб не бараме да се стави прст на одредени судии и тие да бидат казнети, никако, туку бараме кога се прават грешки, тие да рефлектираат над нив и судењето да се подобри на зелениот терен, а исто така и имиџот на судиите и Судиската комисија за еден поубав фудбал и без влијанија.

Со почит F.C. Struga TRIM & LUM

ПретходноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Спортинг и Олимпик (М) најблизу до осминафиналето, без голови на „Енфилд“ (ВИДЕО)
СледноПрва радост за Е. Пелистер во Европската лига