Како што велат нашите информации, се чини дека Скендер Јонузи ќе биде новиот тренер по заминувањето на Артим Шаќири. Имено Јонузи, кој сега е помошник на Благоја Милевски во А-репрезентацијата и беше првиот кој што се споменуваше како стратег на тетовци, но потоа новото раководство имаше разговори со Ќатип Османи, со неколку тренери од Албанија и Македонија, но не успеа со ниту еден да се договори. Па така се чини дека Јонузи кој беше прва опција и ќе биде новиот тренер. Тој денеска го одработл тренингот со играчите на Шкендија, кои по тридневниот одмор се вратија на работа.
Викендов Шкендија е слободна.















